Историјат
Формиран е како Околиски Хигиенски завод 1954 год. и со своите служби по Епидемиологија, Броматологија, Хигиена и здравствено просветување, делува самостојно на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Ресен и Кичево. Од 1964 год. влегува во состав на Медицински центар-Охрид, преименуван во Хигиенско-ЕпидемиолоШка служба (ХЕС), со делување само на подрачјето на општина Охрид. Во 1994 год. се одвојува од Медицински центар-Охрид и делува самостојно како ЈЗО Завод за здравствена заштита на подрачјето со 2 подрачни единици во Струга и Дебар. Од 2010 делува на истата територија и со исти надлежности, само со назив Јавна Здравствена Установа Центар за јавно здравје.
година | име на институција |
1954 | Околиски хигиенски завод-самостојно делува |
1964 | Хигиенско-епидемиолошка служба-во состав на Медицински центар-Охрид |
1994 | Јавна Здравствена Организација Завод за здравствена заштита-самостојно делува |
2007 | Јавна Здравствена Установа Завод за здравствена заштита-самостојно делува |
2010 | Јавна Здравствена Установа Центар за јавно здравје Охрид |
Структура
СТРУКТУРА: - Центар за јавно здравје Охрид е современа јавна здравствена установа со две подрачни единици: СТРУГА и ДЕБАР
вкупно 50 вработени од кои
25 со средна стручна спрема
(медицински сестри, лаборанти, дезинфектори)
8 со висока стручна спрема
(лекар, хемичар, биолог, технолог, правник, економист)
14 специјалисти во соодветни гранки на превентивната медицина,
3 примариуси