Добредојдовте

Центарот за јавно здравје е регионален Центар на територија на градовите Охрид, Струга и Дебар со околу 160.000 жители распоредени во 147 населени места. Центарот ја следи, истражува и анализира здравствената состојба и здравствената култура на населението, состојбата на животната средина и влијанието на еколошките фактори врз здравјето на луѓето, причините за појавата и ширењето на заразните и другите болести, ја организира здравствената служба и ги анализира показателите на здравствената состојба, предлага соодветни мерки со цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Дејноста на Центарот за јавно здравје е определена е со повеќе закони од кои најважни се Законот за здравствена заштита и Законот за јавно здравје. Во согласност со овие закони, Центарот преку своите служби обавува превентивни и дијагностички здравствени услуги.