Добредојдовте

На подрачјето на градовите Охрид, Струга и Дебар, со 160.000 жители во 147 населени места ЦЈЗ е оспособен да ја следи, истражува и проучува здравствената состојба и здравствената култура на населението, состојбата и квалитетот на животната средина и влијанието на еколошките фактори врз здравјето на луѓето, причините, појавата и Ширењето на заразните и другите болести, да ја организира здравствената служба и ги анализира показателите на здравствената заштита, да предлага соодветни мерки со цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Делувањето на Центарот за јавно здравје определено е со повеЌе закони од кои најважен е Законот за Здравствена Заштита и во согласност со него Центарот преку своите служби дава превентивни и дијагностички здравствени услуги.